Димче Арсовски: Пуштањето на Катица Јанева од притвор е театар и смислено сценарио – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/19 1:30 PM

Димче Арсовски: Пуштањето на Катица Јанева од притвор е театар и смислено сценарио

По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева и збунетите реакции на Кацарска судот и Русковска обвинителството како да не знаат што се случува, очигледно е дека сето она што го видовме вчера е само театар и претходно смислено сценарио.

Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и  срамно и смешно.

Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство.

Најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека има вмешаност на политичари, па најпосле се испостави дека навистина се вршел Рекет и во истиот биле вмешани и политичари и СЈО и се останато и случајно сите ги изгубија мобилните телефоните.

Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази кои што се неопходни за постапката.

Зоран Заев најпрвин на лидерска средба пред неколку месеци најави дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа тврдеше дека се лажги со опашки.

Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи каде што театрално глумат и се караат Русковска и Апелација, па ќе се пријавуваат во полиција каде што министерот е најблизок на Зоран Заев и во спрега со ова обвинителството, за на крај да Зоран Заев тврди дека е потребно ветинг по негова мерка.

Истрагата се водеше и продолжува да се води аматерски и заштитнички кон криминалот. Се што се прави е пазарења и обид да се спаси главата на октоподот, а тоа сите знаеме дека се наоѓа на Илинденска бб во владата. Стравот да не пропее Катица Јанева или другите обвинети е резултат на сето ова што се случува каде што се исполнуваат нечии желби.

Смешно и жално е ова што се случува во правосудството.

ВМРО-ДПМНЕ: Прес-конференција на Димче Арсовски