Јанева видно ослабена, да не прозбореше ќе имаше сомнеж дека не е таа – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/19 7:26 PM

Јанева видно ослабена, да не прозбореше ќе имаше сомнеж дека не е таа

„Фатете ме за двете раце“, им рече на полицајците поранешната специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која пред неполн час од притворот во Шутка, беше спроведена во домашен притвор, објави ТВ 21.

Облечена во јакна и со качулка што целосно ѝ ја покpива главата и ликот, попладнево, по
одлуката на Апелациониот суд, второобвинетата во „Рекет“ – Катица Јанева, со полициcко
комбе беше донесена од затвopoт во Шyткa во домашен притвор.
Јанева не одговори на ниту едно од прашањата на новинарите, кои во голем број ја следеа до
самиот влез на зградата каде ќе издpжyва куќен притвор во станот на својот син, Лазар Јанев.
Водена од двајца полицајци, макар и само визуелно, Јанева изгледаше како поситна копија од
некогашната специјална јавна обвинителка.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет“, а, како што објавивме, денеска Апелација донесе одлука да и биде укинат притворот и заеменет со куќен притвор.