Јеменските Хути вчера киднапирале три брода во Црвеното Море, од кои едниот и’ припаѓал на Саудиска Арабија, а чии биле другите не е соопштено. Трите брода се одвлечени во пристаништето Салиф, јавуваат тамошните медиуми.
Претходно беше соопштено и дека Хутите киднапирале брод што пловел кон нафтена платформа на Јужна Кореја.