Ова е најскапата кредитна картичка во светот – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/19 4:36 PM

Ова е најскапата кредитна картичка во светот

Нова дебитна картичка од британскиот Royal Mint по име Raris, е најскапа кредитна картичка во светот изработена од 18-каратно злато.

Користењето на таква картичка, односно купување на истата има и своја цена која изнесува над 20 илјади евра.

Royal Mint соработува со Mastercard како би создал картичка наменета за луѓе кои го ценат луксузот.

Нејзините придобивки се купување без ограничување и плаќање во странска валута без провизија.

Картичката нуди повеќе бенефиции, како што се посветени и персонализирани услуги во хотели и други придобивки од патувања, кои се дел од MasterCard World Elite Package.

Извор: denar.mk