Последно предупредување од полицијата во Хонг Конг: Ќе пукаме со боева муниција – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/19 6:47 AM

Последно предупредување од полицијата во Хонг Конг: Ќе пукаме со боева муниција

Полицијата во Хонг Конг би можела да употреби боева мнуниција против демонстрантите, пренесува локалната национална телевизија повикувајќи се на извори во полицијата.

Претставникот  Министерството за внатрешни работи, Луис Лау, во снимено обраќање соопшти дека демонстрантите врз полицијата фрлале молотови коктели, ги гаѓале со стрели, па дури и се обидувале да ги прегазат. Тој предупреди дека во случај насилството над полицијата да продолжи, полицајците ќе може да употребат сила против насилните демонстранти, вклучувајќи и употреба на боева муниција.