Меѓународен натпревар за мед: Медарската дејност во Македонија има голема иднина – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/19 1:16 PM

Меѓународен натпревар за мед: Медарската дејност во Македонија има голема иднина

Медарската дејност во Македонија има голема иднина – беше потенцирано на Меѓународниот натпревар за медот кој се одржа викендов во Тетово. На Меѓународниот натпревар за медот без презентирани резултатите од испитувањата за квалтиетот на медот на учесниците од оваа манифестација.

Резултатите покажаа дека над 95 % од учесниците имаат квалитетен мед, од кои половина се македонски пчелари. Ваквите анализи доволно кажуваат дека македонскиот мед има иднина, но потребно е пчеларите за да здружат со цел нивниот производ да го пласираат заеднички на странскиот пазар.

Пчеларите сметаат дека државата треба да се заангажира и да ги зголеми субвенциите за пчеларите кои земаат најниска државна помош за разлика од нивните колеги од соседните земји.

На манифестацијата беше присутен и министерот за земјоделие, Трајан Димковски кој рече дека државата прави големи напори да им помогне на пчеларите.

Инаку, на домашниот пазар квалитетен македонски мед се продава од 400 до 600 денари