Блерим Река кандидат за министер за надворешни работи на Косово – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/19 6:45 PM

Блерим Река кандидат за министер за надворешни работи на Косово

Професорот по меѓународно право – Блерим Река, кој беше и кандидат за претседател на
последните претседателски избори во земјава, е еден од тројцата можни кандидати за
функцијата министер за надворешни работи на Косово во кoaлициoната влада на Албин Курти, пренесува албанската новинска агенција INА.

Од партиски извори од „Самоопpeделување“ за агенцијата ја потврдуваат информацијата дека
се разгледува кандидатурата на Река, кој важи за близок човек до Курти, но тврдат дека сѐ
уште не е ништо официјално.
Проф. Река беше дел од политичката канцеларија на OBК во Приштина заедно со Албин Курти,
која била водена од Адем Демачи за време на вojната на Косово. Река беше советник за
меѓународни односи, пишува агенцијата.

Преземено-365.com.mk