Груевски нема да одговара за провизиите за автопатите – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/19 12:35 PM

Груевски нема да одговара за провизиите за автопатите

Поранешниот премиер Никола Груевски нема да одговара за предметот на СЈО „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид.Судечкиот совет, на барање на адвокатот Горан Кркински, кој му беше одреден на Груевски по службена должност, констатирал застареност на случајот поради истекот на шет години од стореното дело, а без правосилна пресуда. Обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше предметот, не сакаше да го коментира ваквиот исход. Денешното рочиште за „Траекторија“ не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.

Груевски беше обвинет за „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од една до три години.

По ваквата одлука на судот, судењето ќе продолжи против поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ.Во „Траекторија“ обвенети се и  поранешните министри Миле Јанакиески и Владимир Пешевски и диекторот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службената положба и овластување.