Хуавеј најави по 3100 долари бонус за секој вработен – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/19 4:11 PM

Хуавеј најави по 3100 долари бонус за секој вработен

Кинеската компанија Хаваи ќе им подели бонуси на своите вработени за помош во справувањето со санкциите на САД, кои му се закануваат на бизнисот со паметни телефони и други технологии, пренесува АП.

Компанијата преку циркуларно соопштение на социјалните медиуми соопшти дека 90.000 вработени ќе поделат две милијарди јуани, (285 милиони долари), или околу 3.100 американски долари по вработен.

Останата работната сила, која е поврзана со компанијата Хуавеј, околу 180.000 луѓе, ќе добие дополнителна месечна плата. Компанијата потврди дека документот е оригинален и нема понатамошен коментар.

Во изјавата за мрежата, компанијата им соопшти на своите вработени дека бонусите се „начин да им се заблагодарат за напорот“ што го направија откако беа воведени санкциите на САД во мај.