Полеал деца во кинеска детска градинка со опасна хемикалија, повредени педесетина – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/19 10:58 AM

Полеал деца во кинеска детска градинка со опасна хемикалија, повредени педесетина

Најмалку 51 дете се повредени на југозападот на Кина, кога 23-годишен маж влегол во детска градинка и ги нападнал децата со натриум хидроксид. Тоа се случило вчера попладне во градот Каијуан во провинцијата Јунан. Освен децата, повредени се и три воспитувачки.

Напаѓачот бил фатен еден час по инцидентот. СНН пишува дека на такво нешто се решил поради некаква одмазда?!