Дебата за одливот на мозоци – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/19 8:09 AM

Дебата за одливот на мозоци

Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци денеска организира јавна панел дискусија на тема „Повратна, или карта во еден правец? Како земјата се справува со одливот на мозоци?

На дискусијата, како што информираат организаторите, ке учествуваат: Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт, Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво, Дамир Незири, претставник на Вестминстер фондација за демократија и Сафет Незири, државен советник во Министерството за образование и наука.

Панел дискусијата се организира во рамки на проектот „Мрежа за спречување на одлив на мозоци” и е финансиски поддржан од „Фондацијата Отворено општество – Македонија”.

МИА