Драстично понизок, речиси 12 пати во однос на ноемврискиот просек е водостојот на реката Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, трипати пониски од просекот се Сатеска кај Ботун, Лепенец кај Скопје и Црна кај Р.Б. Мост, а двојно намалени се Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село и Црна кај Новаци.
Речиси преполовен е и Дрим кај Ложани.
Нешто повисоки од просекот за ноември се Вардар кај Јегуновце и Скопје.
Промени има и во водостоите на Преспанското и Дојранското езеро.
МИА