Оптимизмот во поглед на договорот меѓу Кина и САД го поттикна растот на берзите – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/19 1:31 PM

Оптимизмот во поглед на договорот меѓу Кина и САД го поттикна растот на берзите

Акциите на Wall Street вчера генерално беа во плус, откако Кина објави дека се договорила со САД за постепено укинување на меѓусебните тарифи ако напредуваат преговорите.

Поширокиот S&P 500 е на пат оваа недела да регистрира втор ден на рекордни вредности, додека Dow Jones и Nasdaq се на пат да соборат рекорди трет ден по ред.

Поширокиот S&P 500 денес порасна за 0,6 проценти, индустрискиот Dow Jones за 202 поени или 0,7 проценти на 27.691 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,7 проценти, пренесува AP.

Акциите на технолошките компании го водеа патот до добивките на пазарот, а пораснаа и акциите на банките во услови на голем скок на приносите на 10-годишните американски хартии од вредност.

Берзите во Европа и Азија исто така пораснаа.

Европскиот индекс Euro Stoxx 50 порасна за 0,43 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,12 проценти, германскиот DAX за 0,76 проценти, францускиот CAC за 0,34 проценти, а шпанскиот IBEX за 0,46 проценти, пренесува њујоршката агенција Bloomberg.

Во Азија, јапонскиот индекс Nikei 225 се зголеми за 0,11 проценти, а хонкошкиот Hang Seng за 0,57 проценти.

Извор: denar.mk