Карактерот на една жена зависи од многу околности, но дефинитивно една од нив е и денот на кој е родена. Според астролозите секој ден носи во себе комбинација од различни карактеристики кои понатаму во животот ќе ги носи и личноста родена на тој ден.
Еве мала помош за сите девојки подобро да се запознаат себе и за сите мажи кои се вљубени подобро да ја запознаат својата девојка.
Затоа, календарите во рака и проверете какви сте според вашиот ден:
Понеделник
Жените родени во овој ден се чувствителни и многу романтични. Имаат развиено силно шесто сетило и одлично се служат со својата интуиција. Страв им е да бидат сами, затоа се склони кон врски врски за една вечер. Во животот ќе треба да научат како да посветат повеќе внимание на себе и како вистински да се сакаат себеси.
Вторник
Жените родени во вторник го живеат животот со полни гради и ништо не може да ги запре. Во љубовта секогаш се даваат целосно. Тие сонуваат за врска полна со силна страст, но штом почувствуваат мала досада, тие бегаат. Мразат монотонија, сакаат постојано да се движат и да бидат дел од нови искуства. Својата независност ја ценат и нема да дозволат никој да го смени тоа.
Среда
Овие жени се привлечени од удобното и стабилното. Во својот живот имаат по една долга врска, ако не и повеќе. Но, најчесто на крајот тие завршуваат сами. Не сакаат да играат на ситно, кога вложуваат во нешто, вложуваат сè, па дури и себеси. Никогаш нема да избрзаат со одлука, секогаш добро ќе размислат пред да одлучат. Најдобра особина им е тоа што секогаш можеш да сметаш на нив.
Четврток
Девојките родени во четврток се дефинитивно нетрпеливи. Тие сакаат штом нешто ќе посакаат веднаш и да го добијат. Едноставно, не сакаат да чекаат. Имаат бурен карактер. Кога нешто не им се допаѓа, тоа јасно и гласно ќе го кажат. Овие девојки не може да ги контролирате, тие секогаш имаат свој став.
Петок
Дамите родени во петок се апсолутно романтични. Тие сонуваат за живот во кој секоја вечер ќе пијат вино со својот љубен покрај каминот. Ги ценат големите романтични гестови и искажувања на љубов. Се грижат за својот надворешен изглед и ја ценат убавината. Тие се вистински магнет за спротивниот пол.
Сабота
Жените родени во сабота се таинствени и мистериозни по природа. Не ги покажуваат своите емоции и не можеш ни да си претпоставиш за што размислуваат. Тоа ги прави неверојатно добри манипулатори. Овие девојки знаат како да го добијат и најнедостапниот маж. Често се служат со итрини и интриги за да успеат во животот. Имаат неверојатно бистар ум.
Недела
Овие страсни и емоционални девојки секогаш го следат срцето. Тие се непредвидливи и можат да бидат фатални. Од нив треба да се очекува неочекуваното. Во љубовта не се подготвени на компромиси, но крајно се посветени и сериозни. Само некои мажи би можеле да скротат ваква жена.