„Терминаторот“ од Конго осуден на 30 години затвор – убивал, сечел глави со мачети, силувал… – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/19 10:33 AM

„Терминаторот“ од Конго осуден на 30 години затвор – убивал, сечел глави со мачети, силувал…

Меѓународниот кривичен суд вчера му ја изрече највисоката пресуда во својата историја на конгоанскиот воен командант Боско Нтаганда, познат како Терминатор. Доби 30 години затвор за воени злосторства, вклучувајчи убиства, силувања, сексуални ропства…

Прогласен е за виновен по 18 точки за воени злосторства и злосторства против човечноста извршени во крвавиот етнички судир во со руди најбогатиот регион на Конго во 2002 и во 2003 година. Адвокатите на жртвите бараа доживотна робија.

Нтаганда, кој секогаш инсистирал дека е невин, конечно се предаде во 2013 година, кога се распадна базата на неговата моќ, пренесува АП.