Меѓународна конференција за „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид” – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/19 7:57 AM

Меѓународна конференција за „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид”

Во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска и утре во Скопје ќе се одржи меѓународна научна конференција на тема „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид”.

Конференцијата се одбележува на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан кој што симболично го означи крајот на Студената војна и почетокот на процесот на транзиција на правните системи во пост-комунистичките земји. Конференцијата има за цел да ги истражи различните патеки на транзиција избрани и спроведени низ целиот континент, да иницира дискусија и изведе заклучоци за најдобрите практики и научени лекции за време на транзицијата.

Според агендата, конференцијата ќе ја отворат проф. д-р Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Томас Норберт Герберих, амбасадор на СР Германија и Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција.

Клучни говорници на пленарната сесија на конференцијата се проф. д-р Отмар Сеул од Универзитетот Париз Х – Нантер, Франција и проф. д-р Томас Гигерих, Еуропа Институт, Универзитет Сарланд, Германија

На конференцијата ќе се презентираат 60- тина научни трудови, од истражувачи од земјата и странство.