Штрајк на „Луфтханза“, откажани 1.300 летови – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/19 11:21 AM

Штрајк на „Луфтханза“, откажани 1.300 летови

Кабинскиот персонал на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска и утре ќе одржи генерален штрајк поради кој ќе бидат откажани околу 1.300 летови, од кои 700 денеска и 600 утре. Тоа ќе погоди околу 180.000 патници.

Од компанијата соопштиле дека штрајкот е активиран откако судот во Франкфурт го отфрли барањето на авиокомпанијата за негова забрана и дал „зелено светло“ за негово одржување.