1200 лица во Македонија имаат мултипла склероза, од нив 43 пациенти се лекуваат со новата иновативна терапија која на овие лица им овозможува нормален живот.
За прв пат во јавното здравство обезбедена е посебна просторија за пациентите со мултипла склероза за нивен соодветен медицински надзор каде ја примаат инфузионата терапија. Во моментов на Универзитетската клиника за неврологија има три инфузомати.
„Оваа година повеќе кратно е зголемен бројот на пациенти кои се на иновативната терапија окрелизумуб, и тоа од 9 пациенти кои минатат година беа на третман со оваа терапија, сега дури ја примаат 43 пациенти. За прв пат во јавното здравство е обезбедена и посебна просторија каде овие пациенти со соодветен медицински надзор ја примаат инфузионата терапија“, изјави државниот секретар во Министертсвото за здравство, Владимир Милошев, на прес конференцијата по повод една година искуства со најновата иновативна терапија за третман на мултипла склероза.
Мултипла склерозата претставува хронична и инвалидизирачка болест со трајни последици по здравјето, моблилноста и инклузијата на пациентите во секојдневните активности и работоспособноста. Оваа болест најчесно се појавува на возраст од 20 до 40 години и тоа кај жените.
Др- Иван Барбов вели кај жените кои имаат мултипла склероза, бременоста мора биде планирана, затоа што во зависност од лековите кои ги примаат мора да напраат пауза и да го поминат периодот на чистење.
„Жените во репродуктивниот период што ја примаат терапијата, постојат повеќе лекови за мултипла склероза кои некој како што е глатемерцитатот кој слободно е регистриран, се прима и во тек на бременост. Додека за другите нови иновативни лекови, посебно оние од втората линија, бременоста мора да се планира, затоа што од последната апликација на лекот мора да помине извесен период, т.н чистење или „washing“ период за да се исфрли лекот, и тогаш жената да може слободно да забремени. Конкретно за окревус, од последната апликација мора да поминат најмалку шест месеци за да жената планира бременост“, изјави Д-р Барбов.
Бременоста со сите хормонални пореметувања е еден вид заштите фактор, и пациентките за време на бременоста имаат и подобрување на болеста, вели д-р Барбов кој додава дека со новвите иновативни лекови на луѓето со мултипла склероза да им се овозможи нормален живот.