Новиот министер за екологија, Насер Нуредини изјавите за новинарите ги дава на англиски јазик кога не може да зборува на неговиот мајчин јазик – албанскиот. Тој е еден од членовите на македонската влада кој не се користи со македонскиот јазик во јавноста, еден од двата службени јазици во државата. Неодамна на официјална владина прес конференција се обрати на англиски јазик. Вчера не само што со новниарите разговараше на англиски, туки и одби да даде одговор пред јавноста со образложение дека нема време. А новинарските прашања не можеа да бидат поактуелни –за загадувањето. Неговиот шеф, премиерот Зоран Заев, денеска го оправда. На прашањето како Нуредини разгововара службено, кога е на седница на влада, премиерот се обиде да го омекне фактот дека еден министер во владата, не го знае службениот јазик на земјата од која добива плата.
– Со министерот зборуваме и на англиски и македонски јазик. Човекот дојде од Виена да и служи на државата. Јас верувам дека тој имал искрена намера и треба да бидеме транспарентни. Јас апелирам до сите да бидеме отворени, рече Заев.
Нуредини во владата дојде од Австрија, каде како македонски иселеник повеќе години работи во угледни компании како економски аналитичар за инвестиции.Тој е син на познатиот австриски бизнисмен Аки Нуредини и зет на академикот Абдулменаф Беџети . Нуредини го наследи неговиот колега од ДУИ, Садула Дураку, кој ја напушти министерската фунцкија со неславната изјава додека Скопје се гужеше во смог, дека има поважни работи во животот од загадувањето во државата.
Не е прв пат министри во владата и други високи функционери да се послужат со мајчиниот јазик – најчесто албанскиот, на што јавноста навикна, меѓутоа се’ почесто да се случува арогнатно одбивање да се одговори или повтори одговорот на македонски јазик, за новинарите кои известуваат за медиумите на македонски јазик.