77-годишен тетовец починал откако паднал во водоводна шахта – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/19 3:26 PM

77-годишен тетовец починал откако паднал во водоводна шахта

Вчера околу 11 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека 77-годишник од Тетово паднал  во водоводна шахта со вода во дворот од неговата куќа на улица „Коле Неделковски” во Тетово и починал. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и при тоа не се констатирани траги на насилство, по што телото на починатиот предадено му е на семејство.

Шеесет и двегодишен тетовец вчеравечер околу 23 часот и 30 минути пријавил семејно насилство од неговата 50-годишна сопруга, со која подолго време имале нарушени односи, а која околу 16 часот физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчеравечер околу 23 часот, 28-годишна жителка на гостиварско Ѓурѓевиште пријавила дека во угостителски објект, во близина на наплатната станица Тетово, во кој била со на лица на возраст од 43 години и 36-годишна жена, сите од гостиварски Градец, физички биле нападнати од сопственикот на објектот, 47-годишник од тетовска Мала Речица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.