Австриското друштво Штаермеркише Банка и Шпаркасен стекнаа 91,5 отсто гласачките права врз Охридска банка, при што најголем дел, ги откупи од француската групација Сосиете Женерал. Со тоа, Штаермеркише Банка и Шпаркасен е новиот сопственик на Охридска банка.
Засега не се откриваат повеќе детали околу промената на сопственоста на банката, но најавено е дека повеќе информации ќе бидат пласирани на 8 ноември.
OhridNews