Заев може да ја замрзне употребата на името Северна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/19 1:11 PM

Заев може да ја замрзне употребата на името Северна Македонија

Може ли Зоран Заев да го замрзне договорот со „ерга омнес“ дома? Теоретски да, се’ додека неговата имплементација е поврзана со пристапниот процес, кој се „замрзнува“, барем до јуни, за политички да му послужи дома, пред изборите,анализира грчкиот весник Катимерини. Но, за неговите западни сојузници, договорот од Преспа е црвена линија, кои очекуваат тој договор да се примени. Политичкото време за Заев започна да тече, кој се кандидира за избори без политичко оружје, без датум на започнување на пристапните преговори и евентуално на … НАТО.

Дали Северна Македонија е во опасност да остане надвор од Северноатлантската алијанса? Не, освен ако владата што излезе на изборите не одлучи еднострано да го укине договорот од Преспа, но во таков случај земјата ја очекува „Армагедон“. Сепак, прашањето не е официјално затворено, бидејќи четири парламенти на земји-членки плус оној на Северна Македонија (ќе го одобрат откако сите земји-членки први го усвојат) не го имаат ратификувано протоколот за пристапување.

Датумите течат, така што не треба да се исклучува дека Заев нема да има го има НАТО „оружјето“ во своите политички аргументи пред изборите.

Реакцијата на Русија, главен конкурент на Западот (и) на Балканот, на одлуката на европските лидери да не започнат пристапни преговори за двете земји беше индиректна. Преку постојан претставник во ЕУ Владимир Чизов, Русија предложи како алтернатива на земјите од Западен Балкан да влезат во Евроазиската економска унија (ЕЕУ), која, покрај Русија, како основач, влегуваат некои други земји од поранешниот Советски сојуз и Азија.

-Сигурен сум дека земјите што се кандидати за членство во ЕУ, би можеле да најдат поголемо разбирање во Евроазиската економска унија“, рече тој, зборувајќи неколку дена по ветото од Макрон.

Во Скопје, лидерите на сите политички партии, едногласно,  го отфрлија рускиот предлог, потенцирајќи ја европската посветеност на нивната земја, а Тирана, од истата причина, не придаде никаква важност. Од друга страна, Србија, која се смета за најголема „платформа“ на руското влијание на Балканот и веќе доби датум за започнување пристапни преговори со ЕУ, преку премиерот Ана Брнабиќ, побрза да го потпише договорот за слободна трговија со Москва, пишува Катимерини.