Заев им порача на побогатите граѓани да го променат системот на грееење – треба сите да се бориме за чист воздух, вели тој – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/19 12:13 PM

Заев им порача на побогатите граѓани да го променат системот на грееење – треба сите да се бориме за чист воздух, вели тој

Фото: Илустрација

Проектот со електричниот трамвај на гуми во Скопје го истакнуваме поради загадувањето – изјави денеска премиерот Зоран Заев, според кој јавниот транспорт има големо влијание врз загадувањето на воздухот. Додека граѓаните со падот на температурите веќе почнуваат да се гушат, Заев тврди дека државата се бори против аерозагаденоста со проекти за гасификација, и изградба на фотоволтаици и ветерници. Тој најави дека ќе ја користат најсовремената технологија во справувањето со загаденоста:

„Проектот е модерен, се надевам дека најмодерните технологии ќе овозможат модерно решение кое по пат на електрична енергија ќе воспостави систем од огромна помош во трајното решавање на загадувањето“.

Проекциите за трамвајот во Скопје веќе се влезени во фискалната стратегија на државата за идната година, а деталите за овој проект, Заев најави дека ќе ги соопшти околу петнаесетти месецов.

„Новите технологии ни овозможија да дојдеме до покомпетитивни цели, во фискалната стратегија на државата се влезени сите овие проекции. Тие се проекциите се меѓу 90 и 100 милиони евра и при изготвување на ребалансот се предвидуваат првите пари за постапките за тендерирање кои траат од 3 до 6 месеци за вака големи проекти од областа на правниот аспект на јавните набавки. Деталите ќе може да ги објавиме околу 10  или 15 ноември. Во ноември ќе се донсат првите владини одлуки за оваа работа за да може Град Скопје да си ги почне формално правните постапки“.

Тој денеска им порача на граѓаните дека сите може да дадат свој придонес во борбата против загадениот воздух и апелираше до побогатите  да ги променат системите на греење. Според најавите, новиот електричен трамвај на гуми ќе се движи на систем на водород и тој ќе биде издвоен од останатиот сообраќај.