Лекарите треба да се охрабруваат во лекувањето да ги користат производите од канабис – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/19 5:39 PM

Лекарите треба да се охрабруваат во лекувањето да ги користат производите од канабис

Иако многубројните истражувања но и искуството на македонските пациенти кои користеле каноил препарати се позитивни, лекарите се сепак скептични и недоволно информирани за да препорачуваат терапија со масло од канабис – се констатираше на денешното акредитирано предавање наменето за лекари од Штип и регионот  што  се одржа во Мултимедијалниот Центар-Канал 77.

,,Македонските компании кои произведуваат екстракт од  канабис билка , истата се уште ја  набавуваат од странство, иако во Македонија постојат производители на сировина . Очекуваат да се дорегулира законот за медицинска употреба на марихуаната за да има што повеќе понудувачи од земјава, со што би се намалила цената на сировината и би имале комплетно домашно производство“, вели др. Љубица Јосифоска од Реплек фарм.

Производите од канабис на база на канабидиол (CBD) помагаат за третман на анксиозни растројства, стрес и депесија но кај нас се уште многу малку се користат.
“Лекарите полека се осмелуваат да ги употребуваат производите од канабис. Целта на нашите едукативни предавања е да ги охрабриме да почнат да ги препорачуваат при третман на анксиозни растројства, бидејќи постојат истражувања кои покажуваат дека производите од канабис на база на CBD можат да помогнат. Тие не се замена за стандардната терапија меѓутоа навистина можат многу да помогнат без да се создадат нус ефекти и без да се создаде зависност”- вели др. Љубица Јосифоска.

Светската здравствена организација во ревијалните извештаи од 2018 и 2019 година објави дека маслата од канабис на база на CBD немаат психотропен ефект, не создаваат зависност, а имаат широк тераписки потенцијал кој допрва ќе се истражува и докажува.