Во денешното соопштение од Основниот суд во Штип, во кое ја објаснува постапката со распишувањето на потерницата, практично се потврдува тоа што Канал 77 пред неколку дена го објави – дека специјалецот Игор Спасов избегал од државата. Судот објаснува дека податоците ги добил од СВР Штип:
– Во Основниот суд – Штип од страна на СВР Штип, на ден 28.10.2019 година е доставено известување дека осудениот (Игор Спасов) не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница до СВР Штип, која се однесува за распишување на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Основниот суд – Штип.
Канал 77 објави дека Игор Спасов, според непотврдени информации, повеќе од две – три седмици е избеган надвор од државата. Од државата излегол по диви премини, во што имал помош од поранешните колеги – полицајци. Спасов, наводно е во Туција со лажен идентитет, за што платил 15.000 евра.