Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со големо мнозинство усвои резолуција со која го повикува претседателот Трамп да воведе санкции и други рестрикции кон Турција поради нејзината офанзива на северот на Сирија, што наиде на остри реакции во Турција.
Турција ја осуди и одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да го признае ерменскиот геноцид. Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу одлуката ја нарече„срамна”.
Претходно беше соопштено дека Претставничкиот дом на САД изгласа признавање на геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја. Според-прес службата на Претставничкиот дом, за одлуката гласале 405 конгресмени, а 11 биле против.
Според Чавушоглу, САД со оваа одлука се обидуваат да се одмаздат за тоа што Турција се замеша во американските планови во Сирија, спроведувајќи ја својата операција „Извор на мирот“.