Проштална вечера на Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/19 9:38 PM

Проштална вечера на Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан

Во тек е прошталната вечера на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, со лидерите од земјите од Западниот Балкан во Брисел. На вечерата, која започна нешто пред 20 часот вечерва и треба да заврши околу 22 часот, присутни се сите лидери од регионот освен албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Грција.

Премиерот Зоран Заев и се заблагодари на Могерини за нејзината поддршка и преку неговиот Фејсбук-профил.

-Федерика ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера, напиша Заев и додаде дека Македонија и благодари за посветеноста: „Твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност.“

(МИА)