Инклузивна дигитална економија: Како до успешен е-бизнис – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/19 10:09 AM

Инклузивна дигитална економија: Како до успешен е-бизнис

„Патеката до инклузивна дигитална економија: како да изградите успешен е-бизнис за жени претприемачи” е темата на регионалниот настан што ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за финансии,  UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development и Асоцијацијата за е-трговија.

На настанот ќе учествуваат 50 жени од земјава и регионот кои имаат свој е-бизнис или работат во областа на дигиталниот бизнис, а целта е да им се помогне на жените – дигитални претприемачи да се развиваат и да можат да влијаат врз креирањето политики во соодветните области.

Најавени се обраќања на министерката за финансии Нина Ангеловска, како и на Кендас Нкот Бисек од Обедитетите Нации, лидерот на иницијативата наречена „eTrade for Women”.

Утре, според програмата, треба да се одржи панел дискусија.