ОМД ја поздравува ратификацијата на НАТО-протоколот за македонско членство од страна на американскиот Сенат – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/19 6:41 AM

ОМД ја поздравува ратификацијата на НАТО-протоколот за македонско членство од страна на американскиот Сенат

На 22 октомври американскиот Сенат гласаше во корист на ратификување на протоколот за пристап на Македонија во НАТО. Обединетата македонска диајспора (ОМД), како најголемата македонска организација во дијаспората, ја поздравува одлуката на Сенатот за одобрување на долгоочекуваното македонското членство во НАТО-алијансата.

Македонија требаше да стане полноправна членка на НАТО уште на самитот во Букурешт во 2008 година, но грчкото вето и грчките барања за промена на македноскиот идентитет и име се покажаа како непремостлива пречка. Иако Меѓународниот суд на правдата во 2011 донесе одлука дека Грција незаконски ја попречува интеграцијата на Македонија, грчката влада продолжи со барањата за промена на македонското име како предуслов за членство. Македонското раководство предводено од Зоран Заев , како замена за членство во НАТО, го потпиша неуставниот Преспански договор, со што темелно ги загрози македонските национални интереси. ОМД го критикуваше целиот процес на потпишување на Преспанскиот договор, и останува силно спротиставена на овој незаконски акт.

ОМД ги повикува и преостанатите земји што досега не го сторија тоа да го следат примерот на САД и да го ратификуваат протоколот за членство на Македонија во НАТО. По ратификацијата во сите парлаемнти, Македонија конечно ќе го заврши овој историски процес, и ќе може да стане 30-та полноправна членка и НАТО сојузник.