Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, на денешната прес-конференција рече дека клучните реформи во нашата земја не се до крај исполнети, а оти Договорот од Преспа за името бил само еден предуслов за пристап кон ЕУ.
– Преспанскиот договор можеби е предуслов, но европската агенда е друго прашање. Тоа беше секогаш јасно кај француската страна и таа беше пренесена кај грчките и македонските соговорници. Не значи дека тоа не е важно. Но, имаше чудно преместување на критериумите кое повеќе беше маркетинг. Можам да ги разберам емоциите, можам да го почувствувам разочарувањето, но ова се политички разговори за иднината на ЕУ – рече Тимоние.