Во Бангладеш 16 луѓе осудени на смртна казна – жива запалиле студенктка зашто пријавила сексуална злоупотреба – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/19 8:34 AM

Во Бангладеш 16 луѓе осудени на смртна казна – жива запалиле студенктка зашто пријавила сексуална злоупотреба

Суд во Бангладеш им пресуди смртна казна на 16 луѓе поради убиство на 19-годишната студентка Нусрат Јахан Рафи, која пријавила сексуално вознемирување од професор, кој претходно бил пријавен за слично дело и од уште две студнетки. Осудените, откако ја полеале со керозин, ја запалиле Нусрат жива на покривот на образовната установа во која учела во април годинава, 11 дена откако го пријавила професорот Сирај Уд Диула.

Убиството ја шокираше целата држава. Судечењето на обвинетите беше едно од најбрзите во историјата на државата, каде за решавање вакви случаи процесите траат со години, а често обвинетите завршуваат без казни.

Пред да биде жива запалена, од девојката петмина луѓе во бурки барале да се откаже од пријавата. Сексуланите злоупотреби се чести во таа азиска земја, а жените ретко пријавуваат зашто се плашат од последици.