Уапсен возачот на бугарскиот камион со 39 починати – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/19 2:07 PM

Уапсен возачот на бугарскиот камион со 39 починати

Британската полиција почна истрагата за убиство, откако 39 лица беа пронајдени мртви во камион во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс, Есекс, во раните утрински часови.

Службите за итни случаи биле повикани на местото околу 01.40 часот по полноќ од страна на медицинската служба,  откако бил откриен контејнерот на камионот со  39-те жртви, од каде почнало да се шири непријатна миризба. Возачот на камионот, 25- годишен маж од Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство, потврди полицијата.Проритет останува идентификацијата на телата и од каде доаѓаат.

-Веруваме дека камионот е од Бугарија и влегол во земјата во Хелхедд [Велс] во сабота на 19 октомври. Ние го уапсивме возачот на камионот во врска со инцидентот, кој останува во полиција, додека нашите истраги продолжуваат“, изјави Пепа Милс од британската полиција.

Од таму апелираа граѓаните да пријават каква била информација во врска со камионот, каде беа најдени телата. Истрагата се води заедно со другите агенции.

Раните индикации покажуваат дека 38 се возрасни и еден тинејџер. Поставен е полициски кордон и пристапот до и од индустрискиот парк Ватерглајд останува затворен.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кажа дека е „згрозен од овој трагичен инцидент во Есекс“ и дека добива редовни информации за истрагата од Министерството за внатрешни работи.

Пристаништето Хелхед е основна врска за површински транспорт од северен Велс и централна и северна Англија до Даблин во Република Ирска. Над два милиони луѓе секоја година патуваат низ пристаништето.