Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, кој денес на македонско-бугарскиот граничен премин имаше средба со својот бугарски колега Младен Маринов, денес од граничниот премин „Станке Лисичково“ на новинарско прашање дали тој ќе биде предводник на новата техничка Влада, ниту ги потврди ниту ги демантираше, најавите за такво нешто, велејки дека во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката Влада, туку важно е што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните.
-И од страна на Министерството и од страна на Владата ќе продолжат сите наши активности, што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем, подобрувањето на условите за живот на граќаните. Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка Влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права, истакна Спасовски.
Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката Влада за уште сега како што додаде Спасовски да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката Влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа Влада.
На средбата со својот колега Маринов, двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка и изразија подготвеност за натамошен развој и унапредување на соработката