Викенд со високи темеператури што ќе продолжат и на почетокот на наредната недела, најавуваат од УХМР. Максимални темеператури кои ќе достигнат до 29 степени Целзиусови се најавуваат до вторник, 29-ти Октомври. Високи темеператури не’ очекуваат и во текот на викендот.
УХМР најавува дека во наредните денови не се очекува промена на временската состојба, ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.