Дуњата како главен фактор за витка линија и средство против стареење – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/19 3:02 PM

Дуњата како главен фактор за витка линија и средство против стареење

Дуњата најчесто се јаде како преработена во слаткo, џем, сок, компот, чај, па дури и ракија. Сепак, некои сакаат да ја јадат и како необработено овошје.

Содржи цинк, калиум, натриум и железо. Се користи како лек за астма, дијареја и кај постојана кашлица.

Дуњата се препорачува кај диети, затоа што долго ја одржува ситоста, а има ниски калориски вредности. Затоа, треба да биде застапена во исхраната кај оние кои сакаат да ослабат.

Семките од дуња, сомелени, прелијте ги со лажица врела вода (1: 2). Оставете да отстои, а потоа користете како маска.

Вториот рецепт се прави така што кората од дуњата се прелива со јака ракија, коминарка. Така чувајте ја две недели, а потоа процедете. Течноста користете ја како лосион.

Извор: denar.mk