Менторот на Јувентус, Маурисио Сари не ја потценува Локомотив (Москва), која во вторник ќе го посети Торино на натпревар во Лигата на шампионите.
Рускиот тим се бори за титулата во своето првенство, откако по 13-тото коло го дели првото место со Зенит.
– Многу е тешко кога одите против тим кој има многу силна сезона. Покрај тоа, Локомотив има шанси во Лигата на шампионите, што значи дека ова е конкурент кој настапува подобро од очекуваното, рече Сари.
„Железничарите“ имаат 3 бода на табелата откако го победија Баер Леверкузен и загубија од Атлетико Мадрид.
– Од нас се бара да му пристапиме со должна почит на противникот и да бидеме мирни во текот на 90 минути. Тоа сигурно ќе биде тешко за нас, продолжи 60-годишниот тренер.
Сари исто така сподели дека едвај чека да работи со Кристијано Роналдо.
– Да се биде тренер е нешто што ми причинува задоволство и ме прави горд. Тој е личност со исклучителна психа, кој знае да бара повеќе од себе и неговите соиграчи. Кога го постигна својот гол број 700 пред неколку дена, тој веќе размислуваше да постигне 800 гола. Неговото размислување е „заразно“ за сите нас околу него. Ме тера да сфатам дека разликата е во амбиентот: Кристијано има нешто повеќе, признава стратегот.
Извор: denar.mk