Facebook воведува промени – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/19 2:55 PM

Facebook воведува промени

Facebook деновиве започна со воведување на нов интерфејс за својата десктоп верзија, која на корисниците им дава можност да изберат или класичен или темен режим на прикажување.

Кога се најавувате на оваа социјална мрежа, на некои корисници на екранот им се појавува pop-up прозорец со прашање дали сакаат да го испробаат новиот дизајн на Facebook страницата (Facebook Beta).

Оние кои ќе одговорат позитивно, имаат можност да се префрлат во темен режим, и да ги откријат неговите потенцијални предности и недостатоци. Изборот помеѓу светол и темен режим на работа, исто така, може да се направи и во основните поставки на сметката.

Покрај изборот на темниот режим на работа, Facebook Beta на корисниците би требало да им биде прегледен и лесен за употреба, бидејќи нуди поголеми фонтови и поедноставена навигација.

Друга вест е и дека FB сега се сеќава каде сте застанале додека сте се движеле низ новостите.

Иако Facebook своите бета верзии досега ги ограничуваше на одредени земји (обично во САД), изгледа дека овој пат во тестирањето на новиот интерфејс имаат прилика да се вклучат корисниците од целиот свет.

Извор: denar.mk