По Кичево, ДУИ избра уште една жена за претседателка на огранок. Овој пат во Боговиње, каде Изборното собрание за претседателка ја назначи Сахиде Бајрами, а таму присуствуваше и лидерот, Али Ахмети.
Пред жителите на Боговиње тој порача дека на предвремените избори на 12 април 2020, ДУИ е сигурна во победата.
– Токму денес, датумот 12 април 2020 година го гледам како голема победа на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Со една ваква унија, нема сила што може да не победи, бидејќи како прво имаме воспоставени мисија, идеали, а сега и функции. Нема функција без мисија, нема можности да се постигне целта ако ги губиш идеалите. Ние сме Унија на идеалите, на мисите, и мисите треба да одат напред. Ова е наше семејство, кажете ми една партија или движење која во оваа држава има придонесено повеќе од нашето семејство. Сѐ се поврзува со нашето семејство, од азбуката до Универзитетот, од правичното застапување до националните симболи… сите тие се капитални инвестиции кои ќе се користат од Албанците, и истите се безсмртни и создадени од ДУИ како продолжение на Ослободителната народна армија (ОНА) – рече Ахмети.
– Ние остануваме посветени, разочарани сме, но ова одлука не ја сметаме како неуспех, ова одлука на Франција е мотивација да бидеме уште посилни во насока на владеењето на правотото, во насока на барањето на построг ветинг во земјата во областа на судтсвото, полицијата, војската, владата, градоначалниците. Сите тие да поминат низ филтерот на ветинг за да имаме поголема транспаренстност во земјата – порача лидерот на ДУИ.