Европската комисија денеска на состанок во Стразбур треба да одлучува за извештајот што се однесува на хрватското исполнување на условите за влегување во шенгенската зона. За влегување во Шенген-зоната потребно е да се исполнат низа предуслови. Комисијата пред влегувањето на некоја земја во зоната без внатрешни гранични контроли ја спроведува „шенгенската евалуација“, а повремено и потоа спроведува дали конкретно се спроведуваат шенгенските закони.
Бугарија и Романија, иако уште од 2011 година имаат позитивна евалуација од ЕК, уште немаат согласност од сите членки на ЕУ. Сличен проблем може да има и Хрватска зашто Словенија најавува дека можеби ќе го блокира хрватското влегување поради нерешеното прашање меѓу двете земји во врска со морските води.