Џастин Трудо најверојатно останува на власт во Канада – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/19 7:43 AM

Џастин Трудо најверојатно останува на власт во Канада

Џастин Трудо, актуелниот канадски премиер, најверојатно ќе остане на таа позиција, одноно ќе добие втор мандат. Како што објавуваат канадските медиуми, либералите се на добар пат да однесат победа на вчерашните парламентарни избори, но најверојатно Трудо ќе мора да раководи со малцинска влада.

Се’ уште дефинитивно не се предвидени размерите на победата на Трудо (47) во трката со конзервативците, а последните анкети покажуваат дека двете партии се прилично изедначени. Ако се потврдат претпоставките, Трудо сигурно ќе добие втор мандат.