Остеопорозата е една од темите за кои најмногу се зборува, како и со другите проблеми со коските кои посебно ја загрозуваат постарата популација, но и младите не се сосема поштедени. На густината на коските влијаат многу фактори, од животната доба, пол (повеќе се загрозени жените), исхрана, физичка активност.
Секако се појавува и недоумица, како да ги зајакнете коските со вежбање, а да не ризикувате да се повредите? – Одговорот е едноставен, со пливање.
Овој основен спорт, чии бенефити за човековото здравје се познати одамна, од нас не бара посебна кондиција, а неговите предности се незаменливи, посебно кога станува збор за коските.
Коските како што е познато, својата густина ја добиваат во 25 та година од животот, па затоа посебно е важно да се занимавате со спорт во помладите години, а во подоцнежните години пливањето е единствен сигурен избор за коските, и тоа поради две причини: додека пливате, не можете да добиете кршење, а истовремено, пливањето го зајакнува коскениот систем кој е добра потпора за на суво. На овој начин болестите можеме да ги спречиме и лечиме.
Оваа теза ја докажало едно истражување на универзитет во Токио, истржувањето е спроведено на 3.280 испитаници на возраст од 18 до 80 години. Помеѓу останатото, утврдено е дека по шест месеци пливање, три пати недело по 45 минути, учесниците кои имале остепороза, процесот на слабеење на коските значително е успорен во 83 отсто од случаите, додека кај 15 отсто е спречена. Посебно добри резултати имале жените во постменопауза периодот, кој е и најризичната група кога остеопорозата е во прашање.
Пливачите сами го одбираат стилот на пливање кој најмногу и одговара, а оваа активност поволно се одразува и на нивните зглобови. Очекувано, кај младите пливачи коските дополнително им се зацврстиле, а повеќето испитаници поради добриот резултат одлучиле да продолжат со редовно пливање.
Истиот експеримент може да го споведете и вие, доволно е само малку добра волја да најблискиот затворен базен додека не дојдат повторно топлите денови. Како бонус, тука е и здравјето на срцето, зацврстување на мускулите, подобрување на капацитетот на белите дробови и на крајот подобра фит линија.