Земјоделците и сточарите на протест пред Влада на 26 ти октомври – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 5:49 PM

Земјоделците и сточарите на протест пред Влада на 26 ти октомври

По двегодишна борба за нивните  права кои досега не се исполнети, здруженијата на сточарите и земјоделците од Македонија, на 26 ти октомври ќе протестираат пред Владата.

Тие се пожалија дека нема никакво покачување на субвенциите на ниту една гранка од земјоделието, и велат дека имале многу ветувања но се уште немаат никаков резултат.

Земјоделците и сточарите се жалат дека субвенциите за сточарството се минимални, па затоа очекуваат масовност на протестот и исполнување на барањата кои сите ги знаат и не отстапуваат од истите.

Минатиот месец на протест излегоа лозарите со двочасовна блокада на патот Градско – Прилеп, кај селото Росоман, и го изразија својот револт од ниските откупни цени на грозјето. Побараа од министерот за земјоделство поголем слух за нивните барања.