Протестен марш за спас на Лешница – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 12:44 PM

Протестен марш за спас на Лешница

Планинари, екологисти, преставници на невладини организации вчера на протестниот марш кој го организираа од Попова Шапка се до месноста Лешница побараа итен прекин на градежните работи за изградба на хидроцентрала во оваа месност.

Mаршот стартуваше од Попова Шапка се до ЛешницаПланинари екологисти  преставници на невладини организации од властите побараа итен прекин на работите.

„Бараме од сите инстиуции итно да ги прекинат сите незаконски работи од делот на хидроцентралите. Тие хидроцентрали немаат се уште комплетна техничка документација. Сечењето на дрвјата и отворањето на новите траси е големо, се се уништува. Денеска праќаме порака до сите и гледаме што се случува горе. Оваа болест ја опфатила целата територија на Шара во Косово, Македонија, Албанија. Треба да има детална анализа и да се прекинат сите интервенции“, изјави Јамди Сулејмани, од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Од Национални шуми  велат дел од сечата која ја посочуваат екологистите нема никаква поврзаност со хидроцентралите. Дел од дрвата во овој предел на Шара се иссечени согласно нивниот план од 2019-2028 година.

„Одговорно тврдам дека ЈП Национални шуми и јас како директор работиме според 10 – годишните планови за стопанисување со шумите, кои се донесени од ресорното Министертсво за земјоделство. Дрвната маса е немнета за испорака на фирми со кои националните шуми соработува според однапред склучени договор“, рече Зоран Ѓорѓиев, диркетор на Национални шуми.

На Шар Планина речиси секоја река си доби своја хидроцентрала уништувајќи ја на тој начин вегетацијата и водните ресурси.

Зоран Димовски