Мицкоски бара контрарезолуција на бугарската за нашето малцинство таму и за македонскиот јазик – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 6:40 AM

Мицкоски бара контрарезолуција на бугарската за нашето малцинство таму и за македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по синоќешната лидерска средба во вилата Водно, изјави дека на неа ја споменал и резолуцијата што ја донесе парламентот во Бугарија, со која се бара Македонија да се откаже од македонското малцинство таму и да се откаже од македонскиот јазик.

– Побарав да заземеме став како политички партии и можеби и ние да донесеме една таква резолуција во нашиот парламент дека тоа е навистина огромна навреда и практично тоа никако не води во подобрување на добрососедските односи, туку, напротив, само ги заострува и се користи позиција за дополнително уценување и условување на нашата држава. На некој од следните состаноци претпоставувам ќе се реотвори ова прашање. Јас навистина инсистирам во рамките на парламентот да се донесе една резолуција, која ќе биде практично одговор на резолуцијата што ја донесе бугарскиот парламент дека ниту ни паѓа на памет такво нешто – рекол Мицкоски