Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за меѓународниот сојуз Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата.
Од обвинителството за Телма потврдија дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата. Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.
Истрагата за Рекетот е отворена на 15 јули, 4 дена по менувањето на апаратот на Ременска. Тогаш Ременски не беше осомничена иако во написите за случајот претходно се спомнуваше псевдоним Фрики. На 15-ти јули беше приведен Јовановски-Боки 13 кој е осомничен и и во двата крака на Рекетот, Орце Камчев и Меѓународен Сојуз.
Пратеничката Ременски не смее да го напушта Скопје, одлучи судот по барање на обвинителството во истрагата за парите меѓу кои и оние 720 илјади евра дадени од Силјан Мицевски.