СИРИЗА: Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/19 5:34 PM

СИРИЗА: Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери

Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ – коментираат попладнево од прес центарот на грчката опозициска партија СИРИЗА, откако премиерот Зоран Заев најави предвремени парламентарни избори, jави дописничката на Медиумската информативна агенција од Атина.

-Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Северна Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа- коментираат од СИРИЗА.

Со соопштение излезе и Грчко решение, малата десничарски ориентирана партија која што е дел од грчкиот Парламент. Во него партијата наведува дека по изјавата на Заев и ветото од Франција произлегуваат неколку заклучоци меѓу кои и дека „СИРИЗА и НД го отстапија името Македонија, а ЕУ ја спаси честа“, дека договорот од Преспа се поништува, но и дека „Скопјаните одржаа лекција по демократија“ со изборите.

Од партијата бараат да се одржи лидерска средба во Грција околу Договорот од Преспа.