Николоски: Одговорност треба да сносат Заев, Димитров и Османи – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 6:49 PM

Николоски: Одговорност треба да сносат Заев, Димитров и Османи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ рече дека не може да направи ништо друго во актуелната ситуација освен што може да апелира и јавно да предупредува да се спроведуваат реформите за добивање датум за преговори за влез во ЕУ, но и да лобира.

-ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не може да направи ништо друго, тоа ќе се случи кога ќе дојдеме на власт. Ние како и досега апелиравме и јавно предупредувавме да се следат реформите. – рече Николоски кој ги обвини Заев, Димитров и Османи за негативниот исход од Брисел.

Според него, одговорноста е јасна и таа е на оној кој ја предводи Владата, на премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.