Гостиварската болница ќе остане без гинеколози – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 3:28 PM

Гостиварската болница ќе остане без гинеколози

Од вкупно 8 гинеколози колку што располага гостиварската болница наредната година оваа установа ќе има само 4Половина од лекарите ќе одат во пензија и истите како што велат од гинеколошкото акушерско одделение најверојатно ќе нема кој да ги замени.

Оттаму додаваат дека намалувањето на бројот на лекари ќе доведе до големи проблеми во целокупното функционирање на службата, од што последици ќе трпат пациентките.

Оценуваат дека државата не ги стимулира доволно младите лекари, откако ќе специјализираат да сакаат да се вработат во јавното здравство.

Инаку на гинеколошкото акушерското одделение на годишно ниво има околу 700 породувања.

Зоран Димовски