Од ЕУ и официјално – во мај 2020 за проширувањето – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 1:54 PM

Од ЕУ и официјално – во мај 2020 за проширувањето

Одлуката за проширувањето се одлага за мај 2020 година на самитот во Загреб. И Северна Македонија и Албанија се подготвени уште денеска да добијат датум за преговори, соопшти пред малку претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

-Мнозинството бараше отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, меѓутоа, одлуката бара едногласност, но тоа не го постигнавме. Поради тоа, одлучивме на прашањето да се навратиме на самиотот во Загреб во мај, следната година.  Но дозволете да бидам многу јасен – Северна Македонија и Албанија не треба да се обвинувуват за тоа. Двете земји се подготвени да почнат преговори уште денеска. За жал, неколку земји членки не се подготвени за тоа. Лично мислам дека е грешка, рече Туск.

При тоа упати порака до двете земји.

-Ве молам, не се откажувајте! Целосно ги разбирам вашите фрустрации, бидејќи вие го направите своето, ние нe, кажа Туск.