Тешко дека денеска ЕУ ќе има заклучоци за проширувањето, рече на влегување на состанокот на Советот на ЕУ во Брисел, хрватскиот премиер Андреј Планковиќ. Пред хравстските новинари, Пленковиќ ја опиша атмосферата од синоќешната подолга и спротиставена деба за определувањето датум за Македонија и Албанија. Неговиот впечаток е дека се слаби аргументите дека треба нова методологија за проширување. Пленковиќ рече дека огромен број на земји беа да се додели датум, но помал број земји се противеле.
-Да, аргументите им се тенки. Во расправата што ја имамвме според мене, ние, мнозинството земји дадовме уверливи аргументи , но за жал, неколку земји членки не можеа да ја прифатат таа одлука ноќеска, за што жалиме. Сметаме дека недонесувањето на одлуката не е на ниво на историската одговорност на Унијата, рече Планковиќ.
Хрварскиот премиер очекува одлуките за Македонија и Албанија и за стратегијата за проширување во наредните десет години, да биде клучна тема на Самитот на врвот на Унијата во Хрватска напролет. Изминатата ноќ, како што рече, не успеале да постигнат решение.
-На крајот и нема некои заклучоци. Она што излегува дека состанокот на врвот во Загреб станува уште поважен. Тогаш треба да се одреди 10- годишна стратегија на кој начин ЕУ ќе оди кој југоистокот, со која политичка порака, со каква динамика, што сакаме да одиме во иднината, да се најде консензус. Се чини дека некои членки премногу гледаат на тоа какви се рефлексиите на политичките случувања внатре во Унијата на нивните внатрешни прилики. Треба да се гледа пошироко, бидејќи во регионот има и други глобални политички актери, рече Планковиќ.
Хрватскиот премир смета дека во Загреб мора да се дојде до некој подобар политички договор. Пленковиќ рече дека е нераелано да се предложи ревизија на пристапувањето на Македонија во јануари, бидејќи нема време поради празниците, а и треба време додека да се формира новиот состав на европска влада и да профункционира.